Ријана со богатство проценето на 468 милиони фунти

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Поп-sвездата, која сега живее во Лондон, е пред Елтон Џон и Мик Џегер и е на третото место на листата на најбогати музичари во Британија.

Ендру Лојд Вебер и Пол Мекартни се заедно на врвот на листата со богатство од 800 милиони фунти секој.

Приходот на Ријана во најголем дел се должи на козметичкиот бренд „Fenty Beauty“, каде нејзиниот удел од 15% вреди 351 милиони фунти.

„Некако не изненади“, рече Роберт Вотс, кој го составува годишниот список на „Сандеј тајмс“.

„Многу малку луѓе знаеја дека живеела во Британија до минатото лето. Сега таа е во добра позиција да стане првиот музичар што стигнал до статус на милијардер во Велика Британија“, изјави тој за Би-Би-Си.

Ријана, која наполни 32 години во февруари, е исклучок меѓу најбогатите млади музичари во Велика Британија, од кои повеќето стекнаа слава во 1960-тите и 1970-тите.

Меѓу првите 40 со најголема добивка, само Ед Шеран и Адел се помлади, а „вредат“ 200 и 150 милиони фунти, соодветно.

На дното на списокот се наоѓаат имиња од новата генерација на поп-sвезди, како што се Дуа Липа, на 24 години , и Џорџ Езра (26), а секој од нив чини 16 милиони фунти.

Театарскиот импресарио Лорд Лојд-Вебер (72) е единствената „осиромашена“ sвезда на списокот, при што Вотс проценува дека стопирањето на театрите во „Вест Енд“ и „Бродвеј“ поради пандемијата веќе избришало 20 милиони фунти од неговото богатство.

Наспроти тоа, Пол Мекартни доби зголемување на имотот од 50 милиони фунти, благодарение на профитабилната светска турнеја и неговата прва книга за деца, „Hey Grandude!“, која беше на врвот на листата на бестселери на „Њујорк Тајмс“ минатата година.

Прошталната турнеја на Елтон Џон на неговото богатство додаде 40 милиони фунти, што го стави на четвртото место. Рок диносаурусот од „Ролинг Стоунс“, Мик Џгер е на петтото место со 285 милиони фунти.

Ед Ширан е на врвот на списокот на млади музичари (на возраст од 30 години или повеќе), додавајќи 40 милиони фунти на неговото богатство, откако во август заврши 255-дневна светска турнеја. Хари Стajлс е втор меѓу младите луѓе со 63 милиони фунти.

Вотс вели дека присуството на Ријана е индикативно за „сеизмичката смена“ во главниот список на богатите, кој од 1989 година идентификува 1.000 најбогати луѓе или семејства кои живеат во Велика Британија.

„Ријана е, според мое мислење, многу добар пример за човек кој потекнува од многу тешко детство во Барбадос и кој има глад и решеност да работи, работи работи … што, според мене, е една од нејзините песни, нели?“ (Не е таа).

Нејзиното богатство од 468 милиони фунти ја прави најбогат музичар не само во Велика Британија, туку и во светот – пред Мадона (462 милиони фунти), Селин Дион (365 милиони фунти) и Бијонсе (325 милиони фунти).

Сподели.