Ременски: За амандманите за Законот за јазици ќе се расправа согласно Уставот и Деловникот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сите дебати за тоа како да се постапи со над 30.000 амандмани за Законот за јазиците треба да се одвиваат во рамки на уставните надлежности на Собранието, од една страна, и да се почитуваат надлежностите на самото Собрание преку обврските што ги има согласно деловникот и Уставот, изјави денеска потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски.
„Тоа знали дека Законот за јазиците е донесен во Собранието на Република Македонија, сите спорни одредби што предизвикаа јавна дебата и можност за укажување од страна на други органи ќе бидат предмет на разгледување на Венецијанската комисија. Но, сите натамошни постапки треба да се одиваат во согласност со Уставот и деловникот. Од друга страна да не се создаде и блокада на Собранието и да се испочитува демократската процедура и правото на пратениците да предлагаат амандмани“, истакна Ташевска Ременски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Собранието.

Сподели.