Реал Мадрид го потврди засилувањето од 50 милиони евра!

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ако враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид се смета за прв чекор кон големата реконструкција тогаш овој долго најавуван трансфер на стоперот Едер Милитао е потегот број два! Сега е и ифицијално!

Милитао ставил потпис на шестгодишен договор. Бразилецот кој ја воодушеви Европа после само шест месеци е првиот фудбалер во голема реконструкција која се очекува на „Бернабеу“ во текот на летото.

Договорот е дефинитивно постигнат. Порто се согласил на оштета од 50 милиони евра, но проблем правеше Сао Паоло со процентот кој требаше да го добие како копмезација бидејќи Милитао потекнува од тој клуб. Работата сега е завршена.

Последен играч кој преминал од Порто во Реал беше Данило во 2015 година и тогаш работата беше завршена по ист принцип, во март.

Милитао на почетокот се очекува да биде во ротацијата и да влегува на местото на Варан или Рамос, меѓутоа ако се знае дека капитенот има веќе 32 години јасно е дека Милитао е доведен да биде негова долгорочна замена. Тука се и честите повреди на Варан…Како и да е нема соменвање дека за Милитао ќе има минутажа.

Оној кој треба да се грижи е Хесус Ваљехо. „Марка“ тврди дека во моментот кога Милитао ќе „стапи на должност“ младиот Шпанецот веројатно ќе замине. Очекувањата се да биде испратен на нова позајмица. За неговите услуги интерес покажуваше Ајнтрахт.

Сподели.