Разбиена албанска мрежа за кокаин во Белгија, ЗАПЛЕНЕТИ 80 ТОНИ КОКАИН И 1 МИЛИОН ЕВРА

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Белгиската полиција разби широка мрежа за шверц на кокаин во Европа, управувана главно од албански државјани.

Супер-операцијата во вторникот мобилизираше над 1.100 белгиски полицајци и заврши со апсење на 64 лица.

Криминалната мрежа го увезувала кокаинот од Колумбија по морски пат во контејнери или приватни бродови, а откако ја истоварале ја препакувале во Белгија, па ја дистрибуиралае понатаму во Италија, Германија, Шведска, Франција, Холандија и Португалија.
Специјализираните мобилни апликации, како ”Encrochat” и ”Sky ECC”, беа користени со помисла дека ги штити од прислушување од страна на органите за спроведување на законот.
Фредерик Ван Леуве, федерален обвинител: „Интересно е што тие беа толку убедени дека нема да бидат пресретнати што ги користеа ексклузивно за размена на криминални информации. Сме биле запрепастени од насилството, од куповите со пари врз кои стоеа, и од сè што правеа за да го дестабилизираат општеството“.

Федералниот полициски службеник Ерик Сноек: „Во однос на заплените, има речиси 80 тони кокаин запленети на белгиска територија. Пазарната вредност достигнува речиси 5 милијарди долари. Потоа има арсенал на пари испрани во луксузни автомобили и часовници и околу 1 милион евра кеш“.
Операцијата од вторникот (26-ти октомври) во Брисел заврши 1.365 дневната истрага.

Шефовите на белгиската полиција изјавија дека нема сомнеж дека Белгија станала место каде што дејствуваат мафијата и криминалните организации на светско ниво.

Во белгиското пристаниште Антверпен во 2020 година беа запленети рекордни 65 тони кокаин кој потекнуваше од земји како Колумбија, Бразил и Еквадор.

Извор: Ora News

Сподели.