Расипништвото на Зоран Заев и Нина Ангеловска ги чини граѓаните 914 милиони евра за три години

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Зоран Заев и Нина Ангеловска во само еден ден задолжија државата за нови 300 милиони евра. Со што вкупната сума за која ја задолжиле државата скокна на 914 милиони евра.

Долгот порасна, а инвестиции нула. За цели 10 месеци од годинава власта реализирала само 40% од предвидените капитални инвестиции, односно 36% да не го направеа ребалансот.

Капитални инвестиции немаше ниту лани, ниту годината пред тоа, но задолжувања имаше.

Вкупниот долг на Македонија со Заев како премиер стигна фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра.

Нема инвестиции, но има криминални тендери и партиски вработувања.

Милионите земени на заем не се трошат за граѓаните, туку за партиската врхушка на СДСМ и луѓето покрај нив.

Расипништвото мора да запре. По 12 април ќе следува одговорност за секој денар потрошен од народната каса, потрошен на сомнителен начин.

Сподели.