Ракометниот голман Никола Митрески е НЕГАТИВЕН НА КОВИД-19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски не е позитивен на коронавирус и би можел наскоро да им се приклучи на репрезентативните колеги.

Митревски беше позитивен на тестирањето на 10 јануари, но по се изгледа станувало збор за „лажно позитивен резултат“. Репрезентативниот голман по тој тест има направено уште три антиген и еден ПЦР тест и сите покажале дека тој е негативен на коронавирус.

Сега по негативните резултати се очекува тој да добие зелено светло за да се приклучи на репрезентативниот состав во Дебрецин.

Тој дефинитивно го пропушта дуелот со Словенија, но доколку добие дозвола од ЕХФ веднаш би тргнал на пат за Дебрецин, по што би бил во комбинација за вториот меч со Црна Гора што на програмата е в сабота.

Сподели.