Путин сака повторно целосни односи со САД

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Рускиот претседател Владимир Путин на разговорите во Сочи со американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека сака повторно да воспостави „целосни односи со САД“ и покрај многубројните точки на несоглсаување меѓу двете земји. „Имам впечаток дека претседателот на САД е за обновување на контактите меѓу Русија и САД. Од наша страна ние повеќе пати сме рекле дека сакаме повторно да воспоставиме целосни односи“, рече Путин, кој го поздрави, како што рече, „позитивниот извештај’ на специјалниот американски советник Роберт Мулер во врска со тоа дали имало дослух меѓу Трамп и Москва за време на претседателската кампања во САД.

Сподели.