Путин го пушти во погон рускиот гасовод до Кина

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Си Џинпинг денес го надгледуваа пуштањето во погон на важниот гасовод што ќе испорачува природен гас од Сибир до североисточна Кина, што претставува економски и политички поттик за односите меѓу Москва и Пекинг.

Почетокот на протокот на гас со гасоводот „Силата на Сибир“ ги рефлектира напорите на Русија да се сврти кон исток, во обид да ги намали штетите од западните финансиски санкции воведени поради анексијата на украинскиот Крим во 2014 година.

Овој потег ја зацврсти позицијата на Кина како главен руски извозен пазар и ѝ даде на Русија потенцијално енормно голем нов пазар надвор од Европа.Гасоводот „Силата на Сибир“ долг 3.000 километри ќе испорачува гас од полињата за гас Чајандинское и Ковитка во источен Сибир, проект што се очекува да трае три децении и ќе донесе 400 милијарди долари во руската државна благајна.

Сподели.