Првпат во историјата на Антартикот температурата достигна рекорни 20 степени целзиусови

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Научници соопштуваат дека на антартичкиот остров Сејмур се измерени неверојатни 20.75 степени целзиусови што е доказ дека температурите во последните неколку години растат со голема брзина, а температурата е измерена на 9 февруари ги исплаши научниците.

Соборен е рекордот од 1982 година која се измерени 19,8 степени целзиусови. За сега се чека овие резултати да ги потврди и светската метеоролошка организација, а научниците кои собираат податоци ја мерат температура секој три дена.

Големото топење на ледот на Антартикот доведе до пораст на нивото на морето до три метра за разлика од пред 120.000 години.

Според Шафер, температурата на Полуостровот, Јужните Шетландски острови и архипелагот  Џејмс Рос на кои припаѓа Сејмур, е варијабилна последниве 20 години, а по ладењето во првата деценија на 21 век, таа започна брзо да се загрева.

Додека температурите во источниот и централниот дел на Антарктикот се релативно стабилни, загриженоста се зголемува на западниот дел на континентот, каде затоплувањето на океаните влијае на топењето на глечер. Ова доведе до пораст на нивото на морето досега, но може да се промени.

Сподели.