Прва македонска апликација за запознавање

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

МЧет е локациски базирана мобилна апликација која ги прикажува корисниците на апликацијата подредени по далечина, а истите можат да се видат и на мапа. Точната локација на корисниците никогаш не се открива, поради безбедносни и причини поврзани со приватноста на корисниците.

Освен што корисниците можат да се видат по далечина, Мчет нуди и неколку дополнителни функции. Корисниците можат да листаат профили на други корисници и да ставаат лајк или дислајк, доколку двајца корисници взаемно стиснат лајк следи совпаѓање, со што корисниците можат да остварат контакт по пат на текстуални пораки, кои се интегрирани во апликацијата.

Исто така, корисниците можат да ги следат најновите објави од нивните пријатели и да коментираат на истите, а можат и да читаат актуелни новости, претежно од забавен карактер.

 

Користењето на оваа апликација е бесплатно, но доколку сакате достапност до привилигирани функции, можете да станете и премиум корисник за само 1.49 долари на месец. Апликацијата работи на Android и IOS уреди, а може да ја преземете на следниве линкови: Google Play (Android) и App Store (iOS)

Сподели.