Прв пат по 28 години нема да се одржи Охридскиот маратон

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Охрид по цели 28 години, за прв пат нема да ги вгости најдобрите светски пливачки маратонци. Поради пандемијата на коронавирусот, Федерацијата одлучила да ја откаже за оваа година целокупната светска серија во маратонско пливање. „Пливачка федерација на Северна Македонија (ПФСМ), како активен член на Светска пливачка федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата Држава, Ви соопштува дека овогодинешните официјални интернационални пливачки маратони од светска серија за 2020г, (Традиционален Охридски Пливачки Маратон 25км, и олимписка дисциплина 10км) НЕМА да се пдржат, поради светска пандемија (Ковид-19) и едногласно откажување на целокупната ФИНА светска серија за 2020г во светот, почитувајќи ги препораките на Светска Здравствена Организација- СЗО за превентивна медицинска и здравствена заштита на спортисти- пливачи, тренери, организатори и публика“, изјавија од Пливачката федерација.

Сподели.