Продолжува судењето за насилствата пред Општина Центар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Претходното рочиште на 17 август, судењето беше одложено поради промена на адвокатот на еден од обвинетите, кој побара судот да оствари простор да се запознае со предметот.

Процесот го води судијата Душан Јосифов, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Адвокатите на обвинетиот Миле Јанакиески, на почетокот на неделата во отворено писмо до јавноста, информриаа дека случајот влегува во завршна фаза и повикаа рочиштата да бидат набљудувани од преставници на невладините организации, медиумите и меѓународниот фактор.

– Основна цел на оваа наша замолница е непосредно да бидете информирани од можеби и најважните рочишта за овој предмет, на кое многу детално ќе биде образложена одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески како и суштествените повреди кои се направени во досегашниот тек на постапката, се вели во писмото потпишано од адвокатите Еленко Миланов и Димитар Дангов.

Во овој предмет инициран од поранешното СЈО, што сега се води од скопското Обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментално во бегство во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година.

Сподели.