Приведено лице кај кое е најдено оружје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за недозволена трговија поднесе кривичнa пријавa против И.К.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ.

На 13.08.2019 од страна на полициски службеници на ул. „Џон Кенеди“ во општина Чаир, сопрено било моторно возило управувано од осомничениот. По извршениот  преглед, под седиштето пронајден бил пиштол, празна рамка и празна кутија за муниција. Лицето било лишено од слобода во Полициската станица Бит Пазар, а врз основа на судска наредба, извршен бил претрес во неговиот дом, при што пронајден бил еден револвер 357 Магнум (4,5мм) и шест куршуми  непозната марка и калибар за кои  таткото на пријавениот се изјаснил дека биле негова сопственост. Пронајдените предмети со потврда се одземени за вештачење.

 

Сподели.