Приведени три лица од Скопје и Тетово за поседување марихуана

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 14.11.2019 во 23.40 часот на бул.„Јане Сандански’’ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На регионалниот пат во тетовското село Горно Палчиште, на 14.11.2019 околу 23.30  часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.С.(28) и А.С.(25), двајцата од гостиварски Добридол, кои биле во  патничко возило „опел“, со гостиварски регистарски ознаки, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.                     Против двајцата ќе следува соодветен поднесок.

Сподели.