Приведени 76 лица, не го почитувале полицискиот час

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 104 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

-По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 82 прекршоци, се наведува во информацијата.

Во Македонија, според евидентираните податоци, на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано е 1 лице кое не ја почитувало мерката.

Сподели.