Приведен Васе Доневски, екс директорот на СОЗР

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Според информации кои ги доби редакцијата на Фактор, полицијата го привела Васе Доневски, поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.

Васе Доневски служеше во ерата на премиерот Никола Груевски. Тој најверојатно е одведен на распит поради сомнежи за злоупотреба на службена положба за времето додека бил директор на СОЗР.

Во јуни, минатата година Владата на Република Македонија уште на почетокот го разреши Доневски и за нов директор на СОЗР го назначи Пеце Мирчески од СДСМ.

Доневски исто така беше споменуван и во „бомбите“ во прислушуваните разговори меѓу Зоран Ставревски и Гордана Јанкуловска, кои сега се под надлежност на СЈО.

МВР засега не дава потврда за оваа информација, но чекаме дополнителни детали за постапката.

Сподели.