Притвор за три лица поради убиство во велешко Долно Караслари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Приведени се тројца жители на велешкото село Долно Караслари поради основано сомнение дека го убиле нивниот 58-годишен татко и сопруг, соопшти МВР. Според информациите од полицијата, убиството било извршено на 19 јануари годинава.

На 19.01.2020 М.Т., сопруга на З.Т., пријавила дека тој починал во неговиот дом, по што е извршен увид и констатирана смрт од страна на лекар без видливи траги на насилство, а јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз телото. По извршената обдукција на телото, утврдено е дека смртта настапила како последица на задушување на лицето, по што од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, сектор за општ и насилен криминал при МВР и СВР Велес се преземени мерки и активности за расчистување на случајот и биле приведени М.Т. (сопруга на З.Т.) и И.Т. и Д.Т. (синови на З.Т.). По обезбедните докази, тие се предадени на јавното обвинителство, по што се изнесени пред судија на претходна постапка во Основен суд – Велес, каде судијата им одредил мерка притвор.
Сподели.