Претседателот на ГДУ, Колев: Повеќето загинати на битката на ,,Ножот” се бугари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во најголемата битка меѓу комити припадници на ВМОРО и турски аскер која се случила на денешен ден пред 110 години на врв Ножот (во близина на селото Ракле, Прилепско) учествувале четите на неколку големи војводи од илинденскиот и постилинденскиот период. Кон четата на главниот војвода Тањо (Тане) Николов (од градот Хасково Бугарија) се приклучуваат четата на прилепскиот околијски војвода Петар Ацев, четата на Иван Наумов Алабакот (од с. Ореовец, Велешко) и четата на Мирче Најденов, која во овој момент била одговорна за реонот на Прилеп и селата во околината. Со комити од своите чети во битката земале учество и војводите Михаил Чаков, Христо Цветков, Ѓоре Спирков, Секула Ораовдолски и Велко Попадиски. Според различните извори бројот на комитите кои земале учество во оваа епска битка варира од 150 до 200 луѓе. Од нив загинале 67 комити, додека загубите кај турскиот аскер се непознати.

Според историските извори поголемиот дел од загинатите се родени во тогашното Кнежество Бугарија. Познати се имињата на дел од учесниците во битката, кои по потекло се од Бугарија.

Список на познатите учесници во битката на Ножот, кои се по потекло од Кнежество Бугарија.

Тане Николов– Хасково
Тодор Дочев – Стара Загора
Тодор Т. Чалницки – Стара Загора
Михал Ѓуров – Стара Загора
Којчо Славов – Стара Загора
Петко Буналов – Стара Загора
Димитар Дојчинов – Стара Загора
Владимир Куртев–Плевен
Константин Ќуркчиев– Преколница, Ќустендилско,
Петко Којчев Панаѓуриште
Никола Василев– Казанл’к
Георги Дочев–Казанл’к
Никола Болгуров – Чирпан
Костантин Аврамов – Чирпан
Никола Пенев – Чирпан
Петко Д. Боjчев – с. Свобода, Старозагорско
Тоњо Желев – с. Свобода, Старозагорско
Неделчо Монев – с. Свобода, Старозагорско
Никола Тенев– с Крнча, Габровско
Кољо Тенев – с. Љубенова маала, Сливенско

напишал тој во својата колумна, кадешто порачува да се замисли народот кој му е пријател а кој непријател. Како што вели тој земајќи во предвид дека едните гинеле рамо до рамо, а другите збореле за миљарди. Но се чини дека никаде во ниедна колумна го нема спомнато ѕверството за време Втора Светска војна од оние кои се бореле ,,рамо до рамо” т.е. ,,нож во грб” со нашите дедовци!? Како и кои се ВИСТИНСКИТЕ мотиви на бугарите, доколку ги имало, да се борат за Независна Македонија?

Сподели.