Преку ден облачно, попладне дожд

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Наутро по одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Попладне во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 1 степен, додека дневната од 8 до 15 степени.

Во понеделник ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе надминуваат 20 л/м2 . На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег понекаде и на повисоките места.

Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе настапи заладување со засилен северен ветер, а врнежите од дожд, ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. На планините и на некои од повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.

Сподели.