Потона брод и горивото се излеа во Охридското Езеро

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Бротчето „Лихнида” потона во Студенчишки Канал кај Билјанините Извори, по што дел од горивото од пловилото заврши во водите на Охридското Езеро.

Екипи од Капетанијата на бродови во Охрид веднаш излегле на местото на настанот, најавувајќи активности за извлекување на бротчето од каналот.

Проблеми со запуштени пловила и порано имало во Студенчишкиот Канал, кој во отсуство на соодветна марина и обезбеден простор за закотвување претставува единственото место на Езерото каде завршуваат дотраените бродови.

Капетанот на Капетанијата во Охрид, Горан Устијаноски изјави дека во координација со локалната самоуправа ќе се бараат начини како сите дотраени пловила да бидат отстранети од Студенчишкиот Канал. Истовремено, тој посочи на обврската на сопствениците да се грижат за своите пловни објекти, односно доколку не се во пловна состојба да бидат отстранети од езерото.

Сподели.