Постојат шаанси лице кое го прележало вирусот повторно да зболи од истиот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Едно од најзагрижувачките прашања што си го поставуваат многумина откако се прошири новиот коронавирус, е дали оние кои веќе го прележале можат да заболат по вторпат и што значи тоа за имуниот систем на луѓето, пренесува „Гардијан“.

Професорот Крис Вити, главен медицински советник на Борис Џонсон, и Патрик Валанс, главен научен советник на британската влада, се обидоа да ја смират јавноста: „Оние што еднаш го прележале вирусот, ќе развијат имунитет, а ретко може да се случи да се инфицирате со вирусот по вторпат“.
Загрижувачкото прашање стана актуелно минатиот месец, откако јапонските власти пренесоа дека жена што го прележала ковид-19 повторно била заразена. Ова ги збуни научниците низ светот.

– Повторното појавување на вирусот во организмот е малку веројатно, но во научната литература постојат докази за некои случаи каде што повторно се појавува вирусот, главно кај лилјаците – тврди професор Марк Харис, експерт за вирологија од универзитетот „Лидс“.
Информацијата за повторното заразување на пациентката во Јапонија, вниманието го насочи кон тоа дали човечкиот организам може да развие имунитет кон новиот коронавирус, на што медицинските советници велат дека телото развива најмалку краткотраен имунитет кон вирусот, откако ќе го прележи.
– Немаме податоци за повторно инфицирање, бидејќи сѐ уште немаме тестирано антитела за вирусот, што се надеваме дека ќе го сториме наскоро. Голема е веројатноста дека, базирано врз основа на други вирусни инфекции, генерално ќе имаме стекнат имунитет по прележувањето на вирусот и нема да можеме да заболиме по вторпат. Секако, секогаш постојат чудни исклучоци, но тоа е очекувано – разјаснува Џон Коен, професор по инфективни болести од медицинскиот факултет „Брајтон и Сасекс“

Сподели.