Поранешниот министер Горан Сугарески ќе биде прв човек на Царината, со АЕК ќе го води Фестим Халили

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Нов директор на Царинската управа најверојатно ќе биде Горан Сугарески, велат за Фактор неофицијални извори.

Како што е познато, Сугарески во претходниот владин состав беше министер за транспорт, а уште кога се објави новиот владин тим, тој за Фактор изјави дека се разговара за негов натамошен ангажман, онаму каде што би можел да даде најголем придонес.

Според овие извори, со „златната кокошка“, Агенцијата за електронски комуникации, ќе директорува Фестим Халили, сегашен директор на Македонски Железници Инфраструктура.

Со уште една престижна државна компанија, пак, МЕПСО, која се занимава со пренос на електрична енергија, ќе раководи Бесим Кока. Фактор веќе пишуваше дека Кока е најсериозен кандидат за оваа државна компанија. Кока моментално е финансиски директор на Здравствен дом – Скопје, а во здравствените институции е речеиси две децении.

Кока е истакнат член на партијата, дел од крилото на Изет Меџити, поранешниот градоначалник на Чаир со кој се и во блиски роднински односи, односно Кока му е зет на Меџити.

Со Цернтарот за управување со кризи, пак, според нашите информации, ќе директорува Бардул Насуфи, екс директор на Бирото за јавни набавки.

На местото прв човек на Државниот инспекторат за труд би дошол Хади Фетиши, екс шеф на општински инспекторат Тетово.

На местото, пак, директор на Управата за водење на матичните книги би дошол Амир Шабани, со Агенција за млади и спорт би управувал Авни Рустеми, претседател на младина на ДУИ, а со Центарот за образование на возразни, Нагип Назмиу.

Извор – Фактор.мк

Сподели.