Поранешен министер во владата на Орбан ќе биде на местото на Јоханес Хан

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ласло Трочањи, поранешниот министер за правда во владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан е предложен за еврокомесар за проширување од страна на новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лaјен, јави дописничката на МИА од Брисел. Европскиот Парламент допрва треба да ја потврди оваа номинација.

Урсула фон дер Лајен денеска ги презентираше своите предлози за новиот состав на Еврокомисијата. Кандидатите ќе бидат сослушани од страна на европратениците во наредните недели.

Претстои списокот да биде објавен во Службениот весник на ЕУ. Со тоа процедурата преминува во Европскиот парламент, каде ќе се гласа за номинираните еврокомесари, кои би требало да стапат на должност на 1 ноември со мандат до 31 октомври 2024 година.

Идни еврокомесари ќе бидат: Јоханес Хан (Австрија), Дидие Рејндерс (Белгија), Марија Габриел (Бугарија), Дубравка Шуица (Хрватска), Стела Кириакидис (Кипар), Вера Јурова (Чешка), Маргрете Вестагер (Данска), Кадри Симсон (Естонија), Јута Урпилајнен (Финска),
Силви Гулар (Франција), Маргаритис Схинас (Грција), Ласло Трочањи (Унгарија), Фил Хоган (Ирска), Паоло Џентилони (Италија), Валдис Домбровскис (Летонија), Виргиниус Синкјавичјус (Литванија), Никола Шмит (Луксембург), Хелена Дали (Малта), Франс Тимерманс (Холандија), Јануш Војчеховски (Полска), Елиза Фереира (Португалија), Рована Плумб (Романија), Марош Шефчович (Словачка), Јанез Ленарчич (Словенија), Жилва Јохансон (Шведска), Жозеп Борел (Шпанија), предложен претходно од ЕУ за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Во новата Европска комисија ќе има 13 жени и 14 мажи, меѓу кои осуммина досегашни еврокомесари.

Сподели.