Полицаец на мотор се судри со автомобил кај Лагадин, пренесен е во болница со тешки повреди

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Полициски службеник вчера со тешки повреди бил донесен во болницата „Св.Еразмо“.

Тој управувајќи мотор – сопственост на МВР, учествувал во сообраќајна несреќа во Лагадин, Охрид.

Полицаецот се судрил со патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(30) од Маврово.

Од МВР информираат дека извршен бил увид на местото на настанот.

Сподели.