ПОГЛЕДНЕТЕ: Ова се 3-те најдобро изработени сајтови во Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Оваа година традиционално одбравме 3 најдобри веб страници кои се издвојуваа од сите останати сајтови во Македонија. Ова се веб страници со исклучителен дизајн, функционалност и во тек со најновите светски трендови, а тоа не радува бидејќи на овој начин гледаме дека во Македонија има компании кои ги имаат изработено овие сајтови и се навистина креативни, знаат да го извадат максимумот од сегашните трендови и можеме да кажеме дека навистина се од светски ранг.

1. www.graphicdesign.mk
2. www.vip.mk
3. www.tocka.com.mk

1. На првото место на оваа листа се најде www.graphicdesign.mk Ова е веб страница која изгледа светски, функционира одлично, но тоа е така најверојатно поради фактот што оваа веб страница е на компанијата Art Design Studio, а они се бават токму со оваа област. Ова е компанија која изработува се во полето на Веб дизајн, Графички дизајн, Мултимедија и Дигитален маркетинг. Постои на пазарот веќе 8 години и имаат еден тон презадоволни клиенти позади нив. Компанија која е Македонска но функционира светски.

2. На второто место на листата се најде www.vip.mk Оваа веб страница неодамна го доби својот редизајн кој изгледа прекрасно. Изгледот е тренди, модерен и што е најбитно, веб страницата функционира одлично. Кога една веб страница прави редизајн, многу често знае да се случи да има багови, грешки, проблеми. Но тоа не е случај со vip.mk.

3. На третото место на листата се најде www.tocka.com.mk Сите го знаеме сајтот на www.tocka.com.mk и исто така знаеме дека веќе со години се присутни на Македонскиот онлајн простор. Точка е компанија која води веб страница од информативен карактер.

Во Македонија постојат огромен број на информативни веб страници но буквално може да се каже дека на прсти се бројат оние кои се навистина добри. Точка е дефинитивно најдобар сајт од таа група. Мило ни е кога гледаме дека и во Македонија постојат веб страници / компании кои излегуваат од шаблонот на секојдневието и функционираат на некое наредно – светско ниво.

Сподели.