Почина тракторист од Неготино при вршење земјоделски работи со трактор

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

 

На 08.10.2019 во 18.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во периодот од 17.00 до 17.30 часот, додека З.С.(45) од Неготино вршел земјоделски работи со трактор на нива во атарот на с.Тимјаник, неготинско, тракторот се превртел и З.С. починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен  обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Сподели.