Пет наркодилери од Скопје и Тетово приведени за поседување марихуана

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 01.12.2019 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.М.(36) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истиот ден, во 16.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје, во близина на езеро Треска, го лишиле од слобода В.Ј.(25) од с.Глумово, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово на 01.12.2019 околу 23 часот го лишиле од слобода А.К.(19) од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.                      По целосното документирање на случајот, против А.К. ќе следува соодветен поднесок.

На 01.12.2019 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир ги лишиле од слобода Е.А.(32) и Б.Р.(36), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели.