Пет лица уапсени за поседување марихуана од Скопје, Тетово и Куманово

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 13.02.2020 во 12.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорче Петров“ го лишиле од слобода Г.Р.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 13.02.2020 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Перо Наков“, ги лишиле од слобода М.Д.(27) и А.Ш.(22), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Истиот ден, околу 23.15 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Ќ.(20) од Куманово и Л.И.(20) од с.Оризари, општина Липково, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели.