Пендаровски изгуби конрола, видно нервозен во дебатата на Сител

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На третата телевизиска дебата на претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река, кандидатот на СДСМ видно нервозен континуирано и упаѓаше во збор на Силјановска.

Ситуацијата кулминираше во моментот кога Пендаровски говореше тоа дека сега кампањата била фер и демократската и дека се одвивала во слободна и мирна атмосфера.

Силјановска со укажување дека не може да се зборува за мирна кампања во позитивен дух, кога таа и семејството беа цел на низа на напади.

-Далеку од тоа дека духот е слободен во овој период и во кампањата за изборите. Тоа е желба на граѓаните, сега има предупредувања од ЕУ дека ако овие избори не бидат минимално фер и демократски, ние немаме шанса за ЕУ, рече Силјановска, укажувајќи „ако тврдите дека атмосферата е подобрена по референдумскиот скандал тоа надвор од секоја логика“.

-И самата бев мета на нефер и недемократска кампања и за мене и за моето семејство. Сето тоа е напишано во извештајот на ОБСЕ – ОДИХР, напишано е дека има омаловажувања за мене по основ на пол, возраст, рече Силјановска која едвај успеа да каже и да го потврди тоа со факти, односно со извештајот на ОБСЕ – ОДИХР.

Сподели.