Пендаровски до Борисов: Љубави како си ми, имаш поздрав од Зоки (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот Стево Пендаровски кој завчера учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Сараево имаше повеќе неформални средби, меѓу кои и со бугарскиот премиер Бојко Борисов и српската премиерка Ана Брнабиќ.

Според видеото, што е објавено на социјалните мрежи, Пендаровски покажува многу близок пријателски однос со бугарскиот премиер, но изненадува „дипломатскиот јазик“ на комуникација со Борисов, иако станува збор за неформална средба.

– Како си љубави, имаш поздрав од Зоки, се зборови со кои Пендаровски му се обраќа на Борисов.

На видеото погледнете и слушнете што се случува по поздравот и пријателското гушкање меѓу Пендаровски и Борисов, на што е сведок и Брнабиќ. Патем, во второто видео Борисов говори за „северомакедонскиот президент“.

Видеото може и ТУКА.

 

Сподели.