Пациент со сомнение за коронавирус примен во болница во Солун

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пациент со симптоми на грип, кој во декември патувал во Кина, е примен во универзитетската болница АХЕПА во Солун, по што веднаш биле активирани предвидените процедури за евентуален случај на коронавирус, соопшти весникот „Катимерини“ во своето електронско издание.

Пациентот е ставен во карантин во болницата, а тестовите ќе бидат проверени во институтот „Пастер”, за да се утврди дали станува збор за случај на новиот коронавирус или за обичен грип, пренесоа медиумите.

АХЕПА е една од референтните болници, што грчкото Министерство за здравство ги определи за третирање на пациенти при можни случаи на новиот коронавирус во Грција.

Со воен авион, преку Рим, во неделата вечерта беа донесени двајца Грци од кинескиот град Вухан, каде е жариштето на епидемијата.

И покрај фактот што двајцата немаат никакви симптоми, тие веднаш биле однесени во Националниот центар за итна помош во Атина, што е референтна болница. Тие во следните 14 дена ќе бидат ставени под доброволна изолација и медицинско набљудување.

Сподели.