Пандев: Планирам да и ставам крај на кариерата по оваа сезона

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев се уште нема донесено конечна одлука за тоа дали по крајот на оваа кампања ќе и стави крај на својата кариера.

 

Популарниот Гоче досега во неколку наврати потенцираше дека сака со националниот тим да игра на голем настан, односно дека ќе направи се за да остане форма за да може да и помогне на Македонија во битката со Косово во баражот во Лигата на нации, натпреварување преку кое можеме да дојде до Европското првенство кое беше одложено за 2021 година.

-Пред да настане ситуацијата реков дека сакам да ја спасам Џенова од испаѓање и потоа да се пензионирам. Сега се надевам ситуацијата брзо ќе се реши и потоа ќе видиме што ќе се случи.

 

-Во моментов се уште планирам да ја завршам кариерата по крајот на сезоната. Го замислувам мојот проштален натпревар со многу луѓе на стадионот, сакам да им кажам збогум на сите навивачи бидејќи тука минав прекрасни пет години. Дадов се за овој дрес, би сакам да му кажам збогум на фудбалот пред преполн „Луиџи Ферарис“, -истакна Пандев.

Сподели.