Овој месец Виена ќе биде македонски град: Ракометарите ќе имаат поддршка од 3000 фанови!

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ситно броиме до стартот на Европското првенство. Јануари, традиционално е месец резервиран за ракометот, а Македонија благодарение на нашите репрезентативци со години е дел од големите натпреварувања.

Овој јануари македонската база е Виена. Од главниот град на Австрија доаѓаат одлични вести. Од трибините „Штадхале“ нашите момци ќе имаат поддршка од околу 3.000 фанови. Делот кој домаќинот го одреди за навивачите на Македонија е веќе распродаден. Тука се туристичките агенции кои веќе ја исполнија квотата, како и македонските иселеници, кои секогаш доаѓаат да ги бодрат репрезентативците.

Една фан-зона веќе е обезбедена, кафулето „Kilis“ кое се наоѓа на „Herbststraße 40, 1160 Wien“ ќе биде збирно место на „Македонската Фаланга Виена“. Се чекаат дополнителни информации дали ќе има уште една официјална фан-зона или во ова кафуле ќе се загреваат навивачите, а потоа ќе ги слават победите на Македонија на Европското првенство.

Првиот меч го играме на 10. јануари против Украина, два дена подоцна силите ќе ги одмериме со Чешка, по што следува дуелот со Австрија. Само најдобрите две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во следната фаза, останатите се пакуваат за дома.

Сподели.