Оливер Спасовски е позитивен на ковид 19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски доцна вчера објави на фејсбук дека е позитивен на ковид 19.

„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се.“, напиша тој на фејсбук.

Сподели.