ОЈО отвори истрага за тројца осомничени за изнуда

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

ОЈО Скопје поведе постапка против три лица осомничени за кривични дела изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1, противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 1 во врска со член 22,  а за еден од осомничените и за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1, информираат од ОЈО.

Осомничените по претходен договор, со намера да прибават за себе противправна имотна корист, во периодот од месец октомври 2018 година до 5 јули 2019 година употребиле сериозна сила и закана со  огнено оружје, присилувајќи две лица во повеќе наврати на штета на сопствениот имот да им даваат парични средства, како и да  потпишуваат фиктивни задолжувања од кои потоа во постапка за извршување им предадат и недвижен имот. Еден од осомничените во станот во кој престојувал, неовластено без одобрение и дозвола од надлежен орган држел пиштол.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи  за обезбедување присуство на осомничените, заради што до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за тројцата осомничени.

Сподели.