Огњен Врањеш ја прогонувал и оваа позната пејачка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Огњен Врањеш, фудбалерот што се најде во фокусот на медиумското внимание по скандалот со поп-пејачката Јелена Карлеуша, се обидел да заведе уште една позната дама, пренесува порталот „Свет.рс“. Фудбалерот буквално „откачил“ кога ги видел порно-фотографиите на поп-пејачката Северина Којиќ и почнал да ѝ испраќа пораки на Инстаграм.

Очигледно, на Огњен слабост му се пејачки. Ја прогонуваше Карлеуша, беше близок со Катарина Грујиќ, а се обиде да ги заведе и Дара Бубамара и Северина Којиќ“, раскажува изворот за „Свет“, и додава:

Севе му ‘падна в око’ кога во јавноста се појавија нејзините голи фотографии, прво во август минатата година, а потоа и во почеток на октомври. Штом беа објавени фотките на кои се гледаат нејзините голи гради, почна да и’ пишува: ‘Дали е можно ова? Презгодна си! Гориш’, а потоа и ‘Брутална риба си!’.

Според зборовите на изворот, Северина го одбила додворувањето на Врањеш и го блокирала на Инстаграм.

Сподели.