ОФИЦИЈАЛНО: Нема државна матура, учениците не се враќаат на училиште

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Се укинува државната, училишната матура, завршниот испит за оваа година, учениците од основните и средните училишта до крајот на училишната година не се враќаат во клупите. Уписите за првачињата ќе се одржат во јуни. Ова се дел од новите мерки усвоени од Владата, кои предмалку ги соопшти министерот за образование и наука Арбер Адеми

Сите ученици од завршните години во средните училишта се ослободуваат од полагање. Ќе добијат диплома за завршено средно образование, која ќе има важност како и дипломите издадени во изминатите учебни години. Сакаме да им го елиминираме стресот од подготовка на завршниот испит и да се посветат на својот избор за високо образование, посочи Адеми.

За уписи на факултет за прв циклус на студии ќе може да се запише лице кое положило државна матура заклучно со 2018/2019 година, лице што завршило средно школо пред воведување државна матура, како и лице што завршило во тековнава година.

Владата донесе мерки за продолжување на важноста на студиските програми во три степени, чија акредитација престанала во академската 2019/2020 и тоа за уште една дополнителна година.

Нема измени во исплатата на парични надосместоци по основа на стипендија, финансирање објава и научни трудови, а  ќе биде распишан повик за покривање трошоци за основци и нивните ментори за учество на меѓународните натпревари.

Сподели.