Официјално е објавено формирање на Супер лигата, поделени мислењата на експертите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Организаторите на Супер лигата најавија официјално формирање на новиот турнир. Во Супер лигата ќе се натпреваруваат: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус. Уште осум клуба треба да им се придружат подоцна.

За претседател на Супер лигата е избран првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, потпретседатели на турнирот се претседателот на Јувентус, Андреа Ањели и сопственикот на Манчестер јунајтед Џоел Глејзер.

Форматот е од две групи од по 10 екипи. Екипите ќе играат 18-23 натпревари во текот на сезоната. Натпреварите ќе се играат во средината на неделата. Новиот турнир се очекува да започне во август 2021 година.

Секој клуб кога ќе се приклучи на Супер лигата ќе добие 350 милиони евра.

– Ќе му помогнеме на фудбалот во сите можни погледи и ќе го вратиме на местото кое го заслужува. Фудбалот е уникатен спорт кој има повеќе од 4 милиони редовни следбеници и наша одговорност како најголеми клубови е да ги оствариме желбите на фановите, – гласи правата порака која ја испрати Флорентино како претседател на Супер лигата.

Сподели.