Од исказот на Камчев пред Рускоска: Во „Рекет“ директно се вмешани Зоран Заев, Јовче и Форсина Ременски, Радмила Шекеринска и Никола Димитров

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Јас од месец септември 2018 година до некаде 10 април 2019-та сум постојано уценуван од група на луѓе кои од мене изнудија голема сума на парични средства“, вели Орце Камчев во исказот даден пред јавната обвинителка Вилма Рускоска на 2 мај оваа година.

Рекетот започнал кога Бојанов Јовановски – Боки 13 побарал средба со бизнисменот Орце Камчев, на која Боки му нудел проект за трговски центар. Според Боки 13 се работело за некаков моден трговски центар, „фешн мол“, како што посочува Камчев проектот кој што тогаш му го достави Јовановски бил несериозен, по што тој веднаш го отфрлил.

Откако бил одбиен Јовановски се вратил со втор договор на уште еден состанок за кој што барал четири милиони евра, договорот веќе бил драфтиран и парафиран од синот на Катица Јанева, Лазе Јанев. Во договорот се барале 4 милиони евра за наводна франшиза.

Ја сфатив дека всушност се работи за фиктивен проект, бидејќи освен договорот не ми беше презентиран никаков бизнис план, што значи целта беше да се земат пари од мене, појаснува Орце Камчев во исказот даден пред обвинителката Рускоска.

Камчев потенцира дека вакви планови за старечки домови им биле понудени на Силјан Мицевски од Битола и Адријан Амзовски од Струга (зет на Фијат Цановски). Наводните проекти чинеле 4 милиони евра.

Повеќе прочитајте ТУКА.

Сподели.