Од Франција и Белгија вратени 40 албански државјани

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Албанската државната полиција информираше дека во Тирана вратени се 40 државјани на Албанија од две земји членки на Европската Унија, откако им е одбиено барањето за азил. При тоа државната полиција уште еднаш апелира до сите албански државјани да ги почитуваат правилата за движење во шенген зоната и да не вложуваат никакви напори и да се изложуваат на непотребни трошоци, бидејќи Албанија се смета за безбедна земја поради што „шансите за добивање азил за албанските граѓани се еднакви на нула”.

Сподели.