Обезбедени 55 респиратори од ЕУ и меѓународните донатори (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Обезбедени се 55 респиратори за Клиниката на инфективни болести, како и други потребни материјали, согласно потребите на земјата за справување со пандемијата од коронавирусот, од ЕУ и помошта од меѓународните донатори, изјави денес на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Османи како национален координатор за странска помош, минатата недела формираше работна група од претставници на институциите како едно централно тело, во кое се собираат сите приоритети и потреби од страна на институциите, во комуникција со меѓународните донатори. Направена е првична листа од 89 артикли за потребите на Инфективната клиника, за проектирана состојба од две илјади пациенти, како и три дополнителни листи за пет институции – Министерството за здравство, за МВР, МО, ЦУК и ДЗС.

Сподели.