Новиот филм за Џејмс Бонд ОД ДЕНЕС ВО СКОПСКИТЕ КИНА

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Новиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“, 25. по ред, од денес игра во скопските кина Милениум и Синеплекс.

Светската премиера беше на 28 септември, по 18 месеци од првично најавениот термин и три одложувања поради пандемијата на ковид-19. Во првиот викенд од прикажувањето во Велика Британија заработи повеќе од претходните филмови за Џејмс Бонд. Во Британија игра во 772 кино сали, со над 9.000 проекции на ден.

Петтото и последно појавување на Даниел Крег како тајниот агент 007 заработи 21 милион фунти од петокот до неделата. Со тоа ги победи „Скајфол“, кој заработи 20,2 милиони фунти и „Спектра“ (19,8 милиони), кои досега беа на првите две места.

Филмот веќе се прикажува на 54 земји и заработи 119 милиони долари. Од денес игра во САД, а од 29 октомври во Кина, кои важат за најголеми филмски пазари.

Режисер е Кери Фукунага, а играат и: Леа Сејду, Рами Малек, Наоми Харис и Ралф Фајнс.

Критиката го пофали како „одличен филм, со многу акции, многу акробации, егзотични локации и многу емотивна, во основата љубовна приказна “. Ова е последна улога на Даниел Крег како Бонд. Неговиот наследник ќе се знае идната година, потврдија продуцентите.

Сподели.