Нови Сад во опсада

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Горан Јанковиќ, (37) вулканизерот од Нови Сад, кој ја уби својата сопруга, и нејзините родители повеќе од 30 часа се наоѓа во бегство, поради што и вчера во тој град владееше опсадна состојба.

Имено, полиција има во цел град, а патролите деноноќно стојат пред куќата на убиеното семејство Пајиќ, во која се случи масакрот но и пред куќата на осомничениот.

Како што пишуваат медиумите од Србија, синовите на Горан и Мирјана кои имаат три и 10 години, и кои присуствувале на морбидниот злостор, се ноѓаат кај жената на братот на Мирјана.

Сподели.