Нова измама преку телефонски повици од странство, не кревајте слушалка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Граѓаните да не одговараат на непознати странски телефонски броеви. Агенцијата за електронски комуникации апелира граѓаните да бидат многу претпазливи. Кога добиваат повици од странски оператори кои не им се познати, да не одговараат, ниту пак да вртат назад доколку до пропуштиле повиок.

Од АЕК знаат дека голем број граѓани добиле вакви повици што им ги набилдале сметките. Велат дека телекомуникациските оператори работат на систем за одбивање на јавувањата.
Според проценките, досега околу 1000 граѓани одговориле на повиците што значи дека сметките им се зголемени.

Од Агенцијата велат дека добиле уверување дека тоа нема да им биде наплатено. Во случај пак да платиле треба да побараат од опареторите парите да им бидат вратени. АЕК стои на располагање за помош на сите кои нема да можат да си ги добијат парите назад.

Експертите предупредуваат дека ваквите повисци освен што се скапи за граѓаните можат да бидат опасни затоа што преку нив можат да се крадат и податоци од мобилните телефони посебно оние кои се поврзани со банкарските сметки.

Сподели.