Нов опacен предизвик на ТикТок: 3aгина 12-годишно момче од САД

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Дванаесетгодишно момче од американската држава Колорадо почина во вторникот откако учествувал во ТикТок предизвик
во кој се барало од луѓето да се гушат се додека не паднат во несвест, потврди негова роднина, а пренесуваат тамошните медиуми. Џошуа Хејлијесус, кој бил пронајден од братот близнак на 22 март на подот од тоалетот во семејната куќа, починал откако 19 дена бил приклучен на апарати.
„Џошуа замина да биде со Господ. Благодарност до сите кои се молеа со нас и го делеа нашиот товар во ова тешко време. Вашите молитви и љубов не утешија и сме благодарни на вашата поддршка“, се наведува во пораката објавена на страницата за собирање на донации.
Таткото на детето, Зерихун Хејлијесус рекол дека сака другите родители да внимаваат заради предизвиците кои се популарни на ТикТок и Јутјуб.
-Никогаш не би претпоставил дека мојот син би направил такво нешто. Сега ја плаќам цената за тоа.
Го поминувам ова и би мразел и другите родители да го прават исто, рекол Зерихун, а пренесува Њујорк пост.

Сподели.