Нокиа избрана за изградба на првата мобилна мрежа на Месечината

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

НАСА ја избра финската Нокиа за изградба на првата мобилна мрежа на Месечината, соопшти компанијата.

Мрежата ќе биде дел од напорите на американската вселенска агенција да ги врати луѓето на Месечината до 2024 година и да изгради долгорочно човечко присуство и населби како дел од програмата Артемис, пренесе „Ројтерс3.

Нокиа објави дека првиот безжичен широкопојасен систем за комуникација во вселената ќе биде изграден на Месечината на крајот на 2022 година.

Мрежата би требало да обезбеди клучни способности за комуникација за многу различни типови на пренос на податоци, вклучително управување и контрола, далечински управувач на лунарните ровери, навигација во реално време и пренос на видео со висока резолуција.

Сподели.