Николовски на средба со Кардиналот и државен секретар на Ватикан Пјетро Паролини (ФОТО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

ВО ВАТИКАН НА СРЕДБА СО КАРДИНАЛОТ ПАРОЛИНИ ЛОБИРАМ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНИЈА!

Во рамки на работната посета на Рим и Ватикан денес остварив посета и средби во Ватикан, како дел од делегацијата на Центристичката Демократска Интернационала која имаше прием во Ватикан . При тоа ја посетив црквата Св. Петар и имав аудиенција кај Кардиналот Пијетро Паролини, државен секретар на Ватикан. Со Кардиналот Паролини кој е прв човек на политичките и државни операции на Ватикан разговаравме за односите помеѓу партиите со десничарска и христијан демократска ориентација и Ватикан при што беа потврдени односите на највисоко ниво. Во свет кој е нападнат од левичарскиот поглед на светот, задржувањето на традиционалното семејство, слободата на економијата, борбата со пороците на модерниот свет се приоритет.

Исто така ги поздравив напорите на Кардиналот Паролини и Папата Франциско за соработка и блиски односи со Православната црква. Се заблагодарив и за посетата на Македонија и побарав Ватикан во своите можности да се заложи за признавање на Македонската Православна Црква.

Во однос на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ги нагласив одличните односи со Ватикан кои датираат уште од формирањето на ВМРО во 1893 година, битката за независна црква како и улогата на македонскиот национален херој Гоце Делчев.

Во рамки на посетата на Ватикан и средбата со Кардиналот Паролини, државниот секретар на Ватикан го информирав за состојбите во Македонија, потфрлањето на Владата на сите полиња особено во делот на растечката корупција, назадувањето на економијата, нарушениот систем на владеење на правото. Ја истакнав и потребата од брзи предвремени избори по кои стручен тим на ВМРО-ДПМНЕ би ја водел Владата и би ја отворил перспективата на Македонија за брз економски раст и стабилен политички систем со силна борба против корупцијата и криминалот. Беше заклучено дека граѓаните не смеат да бидат жртви на неуспесите на Заев и Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ.

Aleksandar Nikoloski

ВО ВАТИКАН НА СРЕДБА СО КАРДИНАЛОТ ПАРОЛИНИ ЛОБИРАМ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА МАКЕДОНИЈА! Во рамки на работната посета на Рим и Ватикан денес остварив посета и средби во Ватикан, како дел од делегацијата на Центристичката Демократска Интернационала која имаше прием во Ватикан . При тоа ја посетив црквата Св.

Сподели.