“Нетфликс“ ќе снима серија според романот „Сто години самотија“ на Маркес

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Американската ТВ платформа и продукциска куќа „Нетфликс“ соопшти дека ќе сними телевизиска серија според познатиот роман на Габриел Гарсија Маркес – „Сто години самотија“, откако ги доби авторските права од семејството на колумбискиот книжевник.

„Нетфликс“ ги доби правата за ремек-делото на Маркес. Првпат неговото семејство ги отстапува правата за екранизација на некое негово дело.

Епската приказна „Сто години самотија“ од 1967 година е продадена во над 50 милиони примероци и преведена на повеќе од 40 јазици. Маркес, добитникот на Нобеловата награда за книжевност од 1982., почина 2014 година во Мексико. Се смета за еден од најголемите писатели од шпанското говорно подрачје.

Засега не се знае кога ќе почне снимањето на серијата.

Сподели.