Нелоски: Време е ВМРО-ДПМНЕ да има надпартиски кандидат за претседателските избори

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонија влезе во претседателски изборен процес. Се лиферуваат имиња и веќе има неколку познати кандидатури, но нема конечни кандидати. Опозицијата бара и предвремени парламентарни избори. На оваа тема гостин во Централниот Дневник ан 1ТВ беше Владимир Нелоски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој смета дека е време партијата да има надпартиски кандидат.

„Расположението е демократко, сите кандидати се претставуваат пред делегатите и членството на ВМРО-ДПМНЕ, како и во минатото каде изборот на претседател се правел преку конвенција, ова е веќе практика на партијата. Ме радува тоа што дел од кандидатите се од иста општина и имаме единство во партијата без разлика на тоа што тие се натпреваруваат. Од мое лично име, мојот став е дека во моментов дојдено е време ВМРО-ДПМНЕ да има надпартиски кандидат и затоа застанав зад професорката Гордана Силјановска и со нејзиниот тим бев во неколку комитетити, но во интерес на целиот процес нема да зборам понатака, само ќе кажам дека е потребно целокупно обединување на сите Македонци“.

Целиот разговор со Нелоски, погледнете го во видеото.

Сподели.