„Најдобриот ден досега“ – Бритни Спирс повторно слободна по 13 години старателство

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Најдобриот ден досега“ – вака Бритни Спирс го опиша укинувањето на законското старателство, кое контролира голем дел од нејзиниот живот во последните 13 години.

– Мислам дека ќе плачам, им порача поп ѕвездата на следбениците на Инстаграм.

Судот во Лос Анџелес во петокот и го укина старателството на пејачката, кое во 2008 година го востанови нејзиниот тогаш 39-годишен татко. Одлуката стапи во сила веднаш.

Бритни Спирс претходно го означи старателството како злоупотреба.

Нејзините обожаватели се собраа пред судот во Лос Анџелес во знак на поддршка. Таткото на Бритни Спирс претходно изјави дека старателството е „неопходно“, но се согласи дека е време „повторно да ја преземе контролата врз неговиот живот“.

– Животот и се распаѓа, беше во физичко, емотивно и финансиско растројство, рекоа во поранешните рочишта, адвокатите на Џејми Спирс.

Старателството ги контролирало нејзините пари, кариера, но и многу лични прашања, како што се гледањето со синовите тинејџери и одлучувањето дали може повторно да се омажи.

Судијката на Врховниот окружен суд во Лос Анџелес, Бренда Пени, во петокот донесе одлука во корист на барањето на пејачката да престане старателството, на што ниту една страна не се спротивстави.

http://

Пресудата одлучи сметководителот кој привремено ја извршуваше функцијата старател да задржи одредени овластувања за да реши некои отворени финансиски прашања.

Обраќајќи им се на насобраните пред судот, Метју Розенгарт, адвокатот на Бритни Спирс, ја пофали „храброста“ на пејачката за време на судските рочишта.

Тој рече дека е горд што таа „ја подигнала свеста на луѓето за старателството од Калифорнија до Вашингтон“, и дека поради нејзиното сведочење е донесен нов закон „кој треба да обезбеди таквите старателства… никогаш повеќе да не се случат“.

Веста ги израдувала и нејзините пријатели.

Парис Хилтон на Твитер напиша дека „овој момент е долго очекуван“ и додаде: „Твоите најдобри денови допрва доаѓаат!“.

Пејачката во понеделникот на Инстаграм напиша дека „не се молела толку за ништо во животот“.

– Знам дека кажав некои работи на Инстаграм од лутина и жал ми е поради тоа, но јас сум само човек…и верувам дека и ти би се чувствувал така да си на мое место.

За време на рочиштето во јуни, поп-ѕвездата побара од судот да го прекине „насилното“ старателство, наведувајќи дека е „трауматизирана“.

Таа во обраќањето пред судот рече дека била дрогирана, принудена да постапува против нејзина волја, како и дека била спречена да се премажи и да има деца.

Нејзиното сведочење доведе до повлекување на нејзиниот татко.

Старателстовто се користи во случаи на луѓе кои не можат сами да донесуваат одлуки, а во случајот со Бритни Спирс е утврдено поради грижа за нејзиното ментално здравје.

Сподели.